Шкотска преку Молдавија до бараж за пласман на СП 2022 (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шкотска славеше на гостувањето кај Молдавија со 0-2 во натпревар од 9. коло од квалификациите за пласман за Светското првенство 2022 година во Катар. Стрелци на головите за Шкотланѓаните беа Патерсон во 38. минута и Чарли Адам во 65.

Со овој триумф Шкотска обезбеди пласман во баражот за настап на мундијалот, каде во недела може да и се приклучи и Македонија која само одлучува за својата судбина. За потсетување од оваа група Данска веќе го обезбеди првото место со кое се чекираше за СП во Катар.

 

 

 

Се вчитува...