Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор со островската репрезентација, тој донесе одлука да се пензионира веднаш по елиминацијата на Шкотска во групната фаза од натпреварувањето.
Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од мај 2019 година), тој ја трансформираше репрезентацијата и ја врати на големата мапа на светскиот фудбал. Тој ја предводеше Шкотска на Светското првенство за прв пат од 1998 година и успешно ја квалификуваше репрезентацијата за Евро 2020 и Евро 2024.
Тој го презеде тимот кога беа во четвртиот шешир од квалификациската ждрепка и ги одведе до вториот шешир и првата позиција во квалификациската група за ова Светско првенство.
„Најемотивниот дел од ова збогување е поврзан со моите играчи, без кои немаше да ги создадеме сите овие спомени од 2019 година до денес. Тие заслужуваат сите пофалби и беше вистинска чест да бидам нивен тренер. Ви благодарам и среќно на мојот наследник“, рече Кларк.
Тоа значи дека Шкотите со нов селектор ќе се сретнат со Македонија, бидејќи токму тие ни се едни од противниците од Б групата во Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
