Шкупи доби големо летно засилување, Марко Ѓоргиевски е нов играч на тимот од Чаир

Марко Ѓоргиевски, одличниот капитен на Македонската фудбалска репрезентација до 21. година, официјално е нов играч на тимот на Шкупи. Досегашниот играч на Вождовац, се сели во клубот на Чаир, со оглед на фактот што не доби шанса во Србија, па сега повторно ќе има шанса да се врати во првата македонска фудбалска лига и да го покаже својот раскошен талент.

Станува збор за дете на Вардар, а кое прерасна во супер фудбалер кој потоа замина на краток период во Борец, од каде замина и се договори да игра во Вождовац. Со Ѓоргиевски, Шкупи и дефинитивно добива сериозен напаѓач, кој ќе биде мотивиран за голови и докажување, а кој со сигурност ќе направи разлика во периодот кој следува.

Со овој потег клубот на Шкупи ќе направи достојна замена за оние кои досега беа главни во нападот, а сега повеќе не се дел од тимот на Чаир. Инаку, Ѓоргиевски е предводникот на новата У21 генерација која ќе ги игра следните квалификации.

Се вчитува...