Шкупи донесе голгетер од БиХ

Шкупи продолжува да ги засилување своите редови, откако прволигашот од Чаир се договори со Челик за едногодишна позајмица на Нермин Хајдаревиќ. Станува збор за напаѓач кој е младински репрезентативец на БиХ и кој не е дел од плановите на тренерот на Челик, по што доби зелено светло за преселба во Македонија.

Босанскиот и македонскиот прволигаш имаат блиска соработка откако претходно од Челик во Шкупи пристигна и Марин Јурина.

Екипата на Шкупи во првото коло од новата сезона славеше над Борец Велес, а во рамките од втората рунда ќе му гостува на тимот на Работнички.

Се вчитува...