Шкупи доведе уште две нови засилувања

Прволигашот Шкупи ги претстави новите две засилувања на тимот Валид Хамиди и Мухамаду Соуахибу Бери. 24-годишниот Хамиди кој игра на левата крилна позиција доаѓа од Алжир, додека Соуахибу Бери има 22 години и доаѓа од Сенегал.

„Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и мојата порака до навивачите е дека ќе дадам се од себе за да имаме добра сезона и да освоиме трофеи со Шкупи“, изјави Хамиди.

„Ме радува што ќе имам можност да го носам дресот на Шкупи. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот за време на европските натпреварувања и во домашното првенство“, вели Бери. 

Тренерот Гоце Седлоски и двајцата фудбалери ќе може да ги искористи за дуелот против Лапи в четврток во Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...