Шкупи е пресилен за Линколн: Победа од 3-0 за мирен реванш во Гибралтар (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкупи со победа од 3-0 ги стартуваше квалификациите во Лигата на шампионите. Чаирскиот тим беше едноставно пресилен за првакот на Гибралтар Линколн, и вечерва на Националната Арена сосема заслужено славеше триумф. Победата можеше да биде поубедлива доколку беа искористени уште неколку шанси кои се пружија (два пати Шкупи ја погоди рамката од голот), но и Линколн да постигне гол, па на реваншот да го дочека со помала негатива.

Уште во 11. минута Куевен да Силва после одличен дриблинг и прекрасен удар погоди во мрежата на Линколн за водство. Шкупи не се повлече, продолжи да ја игра својата игра, па во 29. минута зголеми и на 2:0.

Акција по десната страна, топка оставена за Адетунџи кој мајсторски, со наворешниот дел од копачката носи два предност за чаирчани, резултат со кој се замина на одмор.


Во вториот дел проблем за Шкупи. Марвелашвили доби втор жолт картон во 54. минута, па македонскиот шампион остана со играч помалку. Меѓутоа за среќа тоа не се почувствува на теренот. Веднаш после црвениот картон се затресе стативата на тимот од Гибралтар по ударот на Шеји, а во 62. минута автогол на гостите.

Топката за да не стигне до Адетунџи реагираше Чиполина, но наместо во корнер ја спроведе топката во сопствената мрежа.

Адетунџи можеше да се прослави на натпреварот и во 65. минута со „бомба“ ја затресе само пречката. Се тресеше стативата и од голот на Шкупи откако Сенгор во обид да избие, реагираше лошо и само во рамката од голот. На 3-0 Шкупи малку како да се опушти, па така Наумовски мораше да спасува по двојната шанса на Линколн, и на крајот да ја сочува мрежата чиста.

Во финишот Адетунџи повторно се закани со глава, но немаше среќа, топката отиде само крај голот.

Победата од 3-0 треба да биде доволна пред реваншот кој е идната недела во Гибралтар.Шкупи е многу блиску да одигра двомеч со Динамо Загреб.

Се вчитува...