Шкупи ги доби можните противници за Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи ги доби можните противници за првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Тимот од Чаир се најде во групата 3 од неносителите пред утрешната ждрепка.

Можни противници за избраниците на Гоце Седлоски во првото квалификациско коло се Шериф Тираспол од Молдавија, Слован Братислава (Словачка), Карабах (Азербејџан), Линколн од Гибралтар и Шамрок од Република Ирска.

Ждрепката за првата рунда во ЛШ е закажана на 14 јуни од 12:00 часот.

ГРУПА 1

Носители: Лудогорец (Бугарија), Клуж (Романија), Ференцварош (Унгарија), Марибор (Словенија), Дуделанж (Луксембург)

Неносители: Сутјеска (Ц. Гора), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Тобол (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Тирана (Албанија)

ГРУПА 2

Носители: Малме (Шведска), Бодо (Норвешка), ХЈК (Финска), ТНС (Велс), Жалгирис (Литванија)

Неносители: Линфилд (С. Ирска), КИ (Фарски Острови), РФС (Летонија), Балкани (Косово), победник во претквал.

ГРУПА 3

Носители: Карабах (Азербејџан), Шериф Тираспол (Молдавија), Слован Братислава (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Шамрок Роверс (Р. Ирска)

Неносители: Зрињски (БиХ), Лех (Полска), Хибернијанс (Малта), Шкупи (Македонија), Динамо Батуми (Грузија)

Се вчитува...