Шкупи ги започна подготовките за Европа

По заслужениот одмор од неколку недели, фудбалерите на македонскиот вицепрвак Шкуп, на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари ги започнаа подготовките за европските натпреварувања.

Првиот предизвик за тимот од Чаир е јасно дека ќе биде настапот во квалификациите за Конференциската лига. Тренерот Гоце Седлоски ја изврши првата прозивка на фудбалерите на која се појавија и засилувањата Фисник Зука, Блертон Шеји и Томе Китановски, па со тимот го одржа првиот тренинг на стадионот „Борис Трајковски“.

Чаир се уште е во фаза на реконструкција, а тоа е главната причина зошто тимот ќе тренира на овој стадион.

Се вчитува...