Шкупи го потпиша Чешмеџиев од Вележ

Шкупи успешно договори нов фудбалер како засилување за одбранбената линија откако скопскиот прволигаш денеска го комплетираше трансферот на Константин Чешмеџиев. Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Македонија пристигнува од редовите на Вележ, а претходно во кариерата има настапувано за Работнички, Пелистер, Македонија ЃП и Шкендија.

Чешмеџиев имаше неколку понуди од македонски клубови за враќање во татковината, од кои ја избра онаа на чаирскиот прволигаш.„

„Луѓето во клубот ме контактираа уште пред еден месец, ми ги претставија своите планови за иднината на Шкупи и веднаш стана јасно дека тоа е сериозен проект. Клучно беше то што тимот се натпреварува во европските купови, но и што тренер е Гоце Седлоски, од кого ќе можам многу да научам“, изјави Чешмеџиев.

Се вчитува...