Шкупи го промовираше и Бујар Шабани (ФОТО)

Продолжувајќи со креирањето на составот за настапот во УЕФА Конференциската лига, Шкупи и официјално го промовираше Бујар Шабани како свое засилување за новата сезона.

Шабани, кој е дефанзивен фудбалер за врска, доаѓа од редовите на косовска Дрита потпишувајќи едногодишен договор со тимот кој го предводи Гоце Седлоски.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Шкупи. Ќе се обидам со добри игри да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на навивачите” – истакна Шабани по промоцијата во новиот дрес.

Се вчитува...