Шкупи го промовираше Кире Маркоски (ФОТО)

Поранешниот македонски младински репрезентативец Кире Маркоски и официјално промовиран во дресот на Шкупи.

Маркоски потпиша едногодишен договор со чаирчани, издвојувајќи се како сериозно засилување за настапите на тимот во новата Конференциска лига на УЕФА.

„Сакам да се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на разговори пред договорот што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Сето тоа се главните причини за мојот потпис со Шкупи. Верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до плеј-офот во Конференциската лига и да ги исполниме целите на клубот“ – истакна Маркоски.

Кире Маркоски изминатава сезона настапуваше за Академија Пандев, со одиграни 11 натпревари и постигнати два гола. Претходно настапуваше и за Работнички, како и кипарски АЕЛ Лимасол и словачка Трнава.

Се вчитува...