Шкупи и Булент Акин, по само два меча, се разделија

Шкупи ја прекина соработката со турскиот тренер Булент Акин по само два одиграни натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Акин за шеф на стручниот штаб беше именуван на 5. септември доаѓајќи на местото на Умит Каран, и по два натпревари, победа против Силекс и пораз од Вардар, веќе доби „благодарница“ од чаирчани…

„По кратката авантура менаџерот и клубот одлучија максимално професионално да се разделат. Шкупи му се заблагодарува на Булент Акин за минатиот заеднички период посакувајќи му успех во идната професионална кариера“ – се вели во краткото соопштение од ФК Шкупи по разделбата со, сега веќе, поранешниот тренер.

Се вчитува...