Шкупи им кажа „благодарам“ на пет фудбалери

По крајот на сезоната во која ја освои вицешампионската титула, Шкупи се одлучи да ја прекине соработката со пет фудбалери, Бесарт Кривањева, Сабит Билали, Бианор Нето, Илирид Адеми и Филип Глигоров.

„Една од иконите на клубот, кој даде голем придонес од јануари 2017 година во клубот, дефанзивецот Бесарт Кривањева, ќе остане секогаш дел од нашето семејство. Но, коректен разговор одлучивме да се разделиме. Раководството на клубот се заблагодарува на Кривањева од дното на срцето за целиот труд, посакувајќи му успешна кариера каде и да продолжи во иднина. Им благодариме и на другите играчи како Билали, Адеми, Нето и Глигоров кои исто така дадоа нескриен придонес за освојување на второто место“ – се вели во соопштението од Шкупи.

Се вчитува...