Шкупи ја откажа Шкендија од трка за титула, Струга ТЛ со еврогол на Кочоски до реми во Кавадарци, победи на Работнички и „пандевци“ (ВИДЕО)

Шкупи и дефинитивно се издвои пред Шкендија во трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако триумфираше со 2-0 во дербито на првото пролетно коло. Чаирчани се доближија и на само еден бод од водечката Струга ТЛ која ремизираше (1-1) на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.

На натпреварот кој поради казната на чаирчани се играше без публика во Кичево, Шкупи до триумфот дојде со головите на Фреди Алварез во 36. минута, и Трапановски во самиот финиш, во третата минута од судиското продолжение.

Кога се чинеше дека победата на Шкупи ќе биде само со еден гол, во 93. минута Трапановски одлични се проби по левата страна и ниско по земја шутираше за конечни 2-0.

Струга ТЛ, пак, се спаси од пораз во Кавадарци благодарение на феноменалниот гол на Кочоски во 87. минута од средбата, кој од 30 метри од слободен удар погоди за конечни 1-1.

Претходно Тиквеш поведе со голот на Мишов во 43. минута од средбата.

Работнички победи со 0-2 на гостувањето против Победа во Прилеп со головите на Ѓуриќ во 14. минута и Крсте Велкоски директно од слободен удар во 89.минута.


Академија Пандев победи со 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП. Стрелец на победничкиот гол за „пандевци“ беше Михеили во 73. минута.

Почетоците на денешните натпревари беа одбележани и со едноминутен молк во знак на почит за настраданите од страотните земјотреси во Турција и во Сирија.

ПМФЛ – 19. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 0-1
Михеили 73′
Кичево: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-0
Алварез 36′, Трапановски 90’+3
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2
Ѓуриќ 14′, Велкоски 89′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-1
Мишов 43′ – Кочоски 87′

Се вчитува...