Шкупи ја „торпедира“ Победа, Шкендија ги разочара „Балистите“, „пандевци“ загубија од „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Шкупи, во секој случај, крајно неочекувано преубедливо со дури 0-6 славеше на гостувањето против Победа во Прилеп во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија не успеа да го скрши отпорот на Тиквеш ремизирајќи без голови во Тетово, а Работнички со 2-0 победи против Македонија ЃП со два гола уште во првото полувреме.

Вистинска драма се случуваше во Автокоманда каде Скопје со пресврт славеше со 2-1 против Академија Пандев.

Уште во 7. минута по една убава акција, Хамиди оставен од домашната одбрана донесе предност од 0-1 за Шкупи.

А, повторно по еден контранапад и прецизна акција со пропуст во одбраната, Трапановски во 14. минута избива сам пред домашниот голман и носи 0-2 за чаирчани.

Во 39. минута катастрофална грешка на домашниот голман Даниел Котевски кој дозволи Реналдо Цефас пред раце да му украде топка и да постигне гол за 0-3 на Шкупи.

Во второто полувреме, Хамиди во 69. минута донесе предност и од 0-4, а потоа следеа уште два гола во самиот финиш во 85. минута на Куевен и во 89. минута на Алварез за конечни 0-6.

Работнички победи со 2-0 против Македонија ЃП. „Романтичарите“ во подобар натпревар сосема заслужено дојдоа до трите бода благодарение на двата гола во првото полувреме.

Убав погодок во 26. минута постигна Рушевиќ за водство од 1-0.

Во 28. минута, пак, по нафрлувањето на Алими од слободен удар од левата страна, капитенот на гостите Филип Мишевски ја зафати топката која отседна во мрежата на Стевковски.

Вистинска драма се случуваше во Автокоманда. По мирното прво полувреме, „пандевци“ заслужено дојдоа до предност по убавата акција во 61. минута од средбата. Одлично проигра репрезентативецот Бојан Димовски по левата страна, а Митровски од 12 метри мајсторски стрелаше за водство од 0-1 на струмичани.

Но, потоа пресврт на Скопје за триумф од 2-1. Најпрво младинецот Бујар Хајдари, кој влезе од клупата, не дозволи долга радост на „пандевци“, па со прецизен удар по одбиена топка по шутот на Леонид Игнатов носи израмнување за Скопје во 71. минута од натпреварот…

Се вчитува...