Шкупи ќе гради модерен спортски центар (ВИДЕО)

Прволигашот Шкупи го презентираше планот за изградба на ултра модерен спортски центар, академија за млади која ќе помогне во развојот на младите фудбалери.

Во планот е изградба на модерни фудбалски игралишта. Спортскиот центар ќе биде со големина од 20 илјади метри квадратни, а ќе се наоѓа во скопската населба Бутел. Покрај фудбалски терени, дел од комплексот ќе бидат и терени за тенис и кошарка.

 

Се вчитува...