Шкупи ќе има пет теста во Анталија

Македонскиот прволигаш Шкупи, кој во зимската пауза доби нов спонзор и со многу поголеми амбиции го очекува продолжението од шампионатот, ги објави противниците со кои ќе спарингува на подготовките во Анталија. Тимот од Чаир првата контрола ќе ја има против Осогово на 18 јануари, а следните тестови ќе бидат на подготовките во Анталија.

skupi protivnici

Во турскиот туристички центар закажани се дуели со Карабах (Азербејџан), Стал (Украина), Чаквари (Унгарија), Черноморец (Украина) и Анжи (Русија).

Се вчитува...