Шкупи лесно со Вардар, Шкендија со гол во 87. минута го победи Пелистер, Силекс убедлив во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 23. КОЛО….

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (0-0)

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (1-0)

Баша 55′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Нафиу 87′

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (2-0)

Реџиналдо 29′, Глигоров 66′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-3)

Тантуровски 42′, 86′, Ивановски 77′

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 0-2

=====================================================================================

  • Крај и на дуелот во Струга, напревар без голови меѓу Струга ТЛ и Ренова.
  • Борец на домашен терен во Велес ја победи Беласица со голот на Еди Баша во второто полувреме.
  • Крај и на дуелот во Тетово. Шкендија се мечаше, па во 87. минута со голот на Валмир Нафиу го победи Пелистер за кого ова е прв пролетен пораз!
  • Убедлива победа од 0-3 на Силекс на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
  • Крај на натпреварот во Скопје. Шкупи славеше лесно со 2-0 против Вардар со головите на Реџиналдо во првото и Филип Глигоров во второто полуврем!

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 87′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ибраими нафрли од левата страна, а Валмир Нафиу осамен на вториот дирек прецино стрела од десеттина метри за 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-3)

0-3 – 86′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Дејан Тантуровски со својот втор гол на мечот тотално го „крши“ својот поранешен тим

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-2)

0-2 – 77′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Брз контранапад на гостите, Ѓоргиев одлично го мина и противничкиот голман нафрли на втор дирек каде Ивановски ја сместува топката во мрежата на домашните


ШКУПИ – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 66′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Евро-гол на Филип Глигоров кој од 22 метри извонредно шутира во горниот лев агол од голот на Илиќ

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Брз контранапад на Борец, кој ефектно го завршува Еди Баша


ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

50′ – Одличен обид на Цветаноски, но голманот на Вардар, Илиќ атрактивно брани

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 23. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА (0-0)

!!! – 43′ – Втор жолт картон и исклучување кај Ренова за Арбен Тафа, поранешен фудбалер на Струга ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 42′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. По одбиената топка од домашниот голман, Дејан Тантуровски стрела од 7-8 метри за Силекс погодувајќи против својот поранешен клуб


МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-0)

38′ – Одлична шанса за Силекс. Тимовски шутира од 20 метри, домашниот голман брани одбивајќи ја топката а на одбиената топка Галевски од одлична позиција шутира над голот

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

38′ – Обид на Бесарт Ибраими директно од слободен удар од околу 25 метри, добар шут но за малку покрај левиот дирек од голот на Пелистер

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 29′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одличен центаршут од левата страна на Алварез, а Реџиналдо осамен пред голот на Вардар од 7-8 метри стрела за 1-0

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

24′ – Одлична можност за Вардар. Најденов го проигра Мирчевски кој шутираше од 16 метри но над голот на Шкупи

  • Без ниту еден погодок по 20 минути игра на петте терени во Првата лига

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-0)

14′ – Одлична топка пред голот на Силекс, но Изет Ајрулаху за малку прекраток со глава

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

10′ – Прв обид на Вардар, Мирчевски шутира но без погодок

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

10′ – Мирен почеток на натпреварот на стадионот на ФФМ, без ниту една шанса

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС (0-0)

6′ – Први налети на „лавовите“, но гостите ги расчистивуваат опасностите по корнерите од двете страни

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 23. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметката која се игра на теренот на ФФМ меѓу Шкупи и Вардар

======================================================================================

Во 23. коло од ПМФЛ, најинтересниот дуел во Скопје меѓу Шкупи и Вардар, и покрај тоа што црвено-црните се наоѓаат во незавидна ситуација сезонава. Шкендија во обид да се врати на победите на дуелот против Пелистер.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...