Шкупи не се снаоѓа во Гибралтар: Линколн има водство 1-0 на полувреме (ВИДЕО)

Екипата на Линколн анулираше еден гол од предноста на Шкупи на вториот натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Чаирскиот тим има големи проблеми на вештачкиот терен во Гибралтар. Покрај водството во 31. минута, Линколн имаше уште 2-3 добри шанси, но и Шкупи имаше две прилики по кои можеше резултатот да биде поинаков.

Се гледа дека Линколн е опасен од прекини и од нафрлени топки. Една таква во 11. минута можеше да донесе проблеми, но Нано од само 5-6 метри не ја зафати топката со глава и не ја спроведе во празната мрежа.

Алварез во 29. минута се закани со слободен удар од 35 метри, но голманот на Линколн одби во корнер.

Во 31. минута водство за Линколн. Изведен корнер и лоша реакција на одбраната, топката стигна до Нано кој шутираше, Наумовски одби само до Хуанфри кој погоди во мрежата. Веднаш со шанса врати Адетунџи, но шутираше крајно непрецизно.

На полувремето Гоце Седлоски има што да им каже на своите играчи кои играат под своите очекувања, а Линколн создава големи проблеми на „ранливата“ гостинска одбрана.

Се вчитува...