Шкупи не застанува – Томе Китановски ново засилување за Европа

Прволигашот Шкупи продолжува со составување на тимот кој ќе има за задача достојно да го претстави клубот од Чаир во новата Конференциска лига на УЕФА. По Фисник Зука и Блертон Шеји скопскиот прволигаш го претстави и искусниот Томе Китановски за нов фудбалер.

Искусниот битолчанец во Шкупи доаѓа од редовите на Македонија ЃП каде ја помина претходната сезона. Во Македонија Китановски настапуваше и за Пелистер, а надвор од нашата земја беше дел и од Крајова, Вождовац, Младост Лучани, Истра, Славен Белупо, Сабали и Кукс.

 

Се вчитува...