Шкупи прими четири гола и загуби од романскиот второлигаш Конкордија

Македонскиот шампион Шкупи загуби со 2-4 од романскиот второлигаш Конкордија на пријателскиот натпревар во Анталија.

Чаирчани примија дури четири гола од тимот за кој неодамна потпиша поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски, кој не настапи на денешниот меч.

Шкупи прими по два гола во двете полувремиња, за прв пораз на овие подготовки по претходната победа од 2-1 против украинска Олександрија. Стрелци на головите за Шкупи беа Марио Младеновски и Леон Селими.

Се вчитува...