Шкупи се налути: Тргнете ги тие ваши валкани раце од нас! (ФОТО)

Шкупи загуби со 2-1 на гостувањето од директниот конкурент за титулата Струга ТЛ во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Но, чаирчани се револтирани од судењето на натпреварот, поради што преку социјалните мрежи истакнаа револт од односот кон нив. Од клубот истакнуваат дека наскоро ќе има видео-анализа за, како што велат, немилостните одлуки противниот нивниот тим, но јасно е дека се револтирани поради вториот досуден пенал за Струга ТЛ на денешниот дуел кој беше, во најмала рака, сомнителен.

„За сите што му посакувате лошо на клубот, тргнете ги тие ваши валкани раце од ФК Шкупи! Немилостните одлуки против нашиот клуб ќе бидат објавени наскоро со видео анализа и официјална изјава“ – порачуваат од Шкупи.

Се вчитува...