Шкупи се засилува со младинскиот репрезентативец Блертон Шеји од Струга

Шкупи ја стартува акцијата за засилување на тимот за престојните летни настап во новата Конференциска лига на УЕФА.

Ново име на чаирчани треба да биде еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, левокрилниот дефанзивец Блертон Шеји.

20-годишниот Шеји е младински репрезентативец на Македонија кој претходно има настапи и за тетовска Шкендија. Остава зад себе одлична сезона по што следи ангажман од Шкупи каде се најавува дека ќе потпише тригодишен договор, до јуни 2024 година.

Се вчитува...