Шкупи со кампања за претплатни билети: Енис Барди, прв купи билет од својот прв клуб

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи ќе се обиде да пополни дел од клупскиот буџет за претстојната сезона со продажба на претплатни билети за домашните натпревари. Веќе е отпочната кампања „За нашиот Шкупи“, а фановите кои сакаат да ги проследат сите домашни мечеви на својот тим, ќе треба да платат претплатен билет кој чини 1.500 денари.

Прв овој билет го купи македонскиот репрезентативец Енис Барди. Сегашниот член на шпанскиот прволигаш Леванте, својата кариера како младинец ја започна токму во Шкупи, и тоа не го заборава. Апелираше и до сите други фанови да го следат неговиот пример и да купат претплатен билет за претстојната сезона 2017/18, а со тоа и да му помогнат на Шкупи за пополнување на финансиската празнина.

Се вчитува...