Шкупи со Ќатип Османи на клупата ја клекна Шкендија на колена…Меч – мајстор беше Јурина (ФОТО)

Шкупи го зеде скалпот на Шкендија совладувајќи ја со 2-0, а Ќатип Османи на фантастичен начин дебитираше на клупата на чаирскиот тим. Токму со триумф против својот поранешен клуб Шкендија, а стрелец на двата гола беше босанскиот интернационалец Марин Јурина во 68. и во 85.минута.

Јурина на почетокот имаше две шанси за Шкупи, но не ги реализира, а потоа можеше Шкендија да стигне до водство. Во 25. минута, Бесарт Кривањева го собори Стенио Жуниор, а Бесарт Ибраими не реализира пенал. Шутираше над голот од 11 метри.

Во вториот дел стигна и казната. Во 68.минута, по корнерот од десната страна, топката дојде до Марин Јурина во шеснаесетникот, кој издржа дуел со противнички играч на грбот и од вртење постигна одличен гол. Шкупи дојде до посакуваното водство, а Јурина конечно до погодок од четвртата шанса.

Шкендија се обиде да возврати, Ерхан Селими ги уфрли во игра Марјан Радески, Фелипе и Омар Имери, но Константин Чешмеџиев доби црвен картон во 81.минута, а само четири минути подоцна Јурина ја запечати судбината на актуелниот шампион.

Очигледно дека Ќатип Османи го знае рецептот за Шкендија.

Се вчитува...