Шкупи со негатива на полувремето против Левски (ВИДЕО)

Шкупи има негатива од 0-1 против софиски Левски по првото полувреме од првиот натпревар во 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

На дуелот кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, двете екипи играат главно израмнет натпревар, но гостинските играчи успеаја да ја искористат својата шанса преку Велтон Фелипе во 31. минута за водство од 0-1.

Во првите 45 минути Шкупи имаше извонредна можност да поведе на дуелот, но Дуду не погоди празна мрежа по грешката на гостинскиот голман.

Во продолжението казнија гостите од Софија со погодокот Велтон Фелипе во 31. минута за предност од 0-1.

Се вчитува...