Шкупи со хуманитарна акција за настраданите во Драч

Шкупи утре во рамките од 16. коло од македонското првенство ќе ја пречека Академија Пандев, а скопскиот клуб донесе одлука сите приходи од продадените влезници за оваа средба да ги донира како парична помош за настраданите од страшниот земјотрес во албанскиот град Драч.

„Иницијативата е покрената од лидерите на нашиот клуб, да се солидаризираме и да им помогнеме на семејствата на жртвите од земјотресот во Драч“ – објави Шкупи.

Дуелот меѓу Шкупи и Академија Пандев се игра утре со почеток во 13 часот на стадионот Чаир.

Се вчитува...