Шкупи убедлив со 0-3 во Прилеп, „романтичарите“ водат со Македонија ЃП, без голови во Тетово и во Автокоманда (ВИДЕО)

Крајно неочекувано Шкупи има предност од 0-3 по првото полувреме на гостувањето против Победа во Прилеп во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. На останатите четири дуели уште само Работнички води со 2-0 против Македонија ЃП, а нема голови на дуелите во Тетово меѓу Шкендија и Тиквеш, и во Автокоманда меѓу Скопје и Академија Пандев.

Уште во 7. минута по една убава акција, Хамиди оставен од домашната одбрана донесе предност од 0-1 за Шкупи.

А, повторно по еден контранапад и прецизна акција со пропуст во одбраната, Трапановски во 14. минута избива сам пред домашниот голман и носи 0-2 за чаирчани.

Во 39. минута катастрофална грешка на домашниот голман Даниел Котевски кој дозволи Реналдо Цефас пред раце да му украде топка и да постигне гол за 0-3 на Шкупи.

Работнички има предност од 2-0 против Македонија ЃП. „Романтичарите“ во подобар натпревар сосема заслужено доаѓаат до предност, уште во раната фаза од натпреварот во голема мера цврсто чекорејќи на патот до трите бода.

Убав погодок во 26. минута постигна Рушевиќ за водство од 1-0.

Во 28. минута, пак, по нафрлувањето на Алими од слободен удар од левата страна, капитенот на гостите Филип Мишевски ја зафати топката која отседна во мрежата на Стевковски.

ПМФЛ – 16. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Рушевиќ 26′, Мишевски 28′(аг)
Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ 0-3
Хамиди 7′, Трапановски 14′, Реналдо Џефас 39′
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2
Ристовски 83′ – Ибраими 10′(п), Малески 24′
Слободна е Брегалница

Се вчитува...