Шкупи во Кратово првпат сезонава по лидерската позиција во Првата лига, Шкендија на три бода против Победа

Дербито од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 14 часот се игра во Кратово каде Силекс го пречекува Шкупи.

Кратовци во обид да го сопрат победничкиот чекор на шампионат кој има пет едноподруго победи во шампионатот. Шкупи, пак, со триумф за првпат сезонава ќе го преземе лидерското место пред Струга ТЛ која пролетва на двата натпревари има две ремија, губејќи четири бода.

Шкендија ја пречекува Победа во Тетово на кој ќе бара прва пролетна победа.

„Работевме напорно и мислам дека подготвени го очекуваме денешниот дуел со Победа. Знаеме дека не очекува сериозен предизвик на кој мора да влеземе максимално сконцентрирани. Не криеме дека одиме по трите бода за кои ќе ни биде потребна и поддршка од нашите навивачи“ – вели Методи Максимов.

На стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари Работнички на мегдан со Брегалница на Горан Здравков, додека во Автокоманда, Скопје го пречекува Тиквеш.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
* Слободна е екипата на Академија Пандев

Се вчитува...