Шмајхел: Ќе ни треба време за да се опоравиме од ова

Данска доживеа болна елиминација на пенали во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Хрватите беа за нијанса посреќни, а на Данска не и помогнаа ниту трите одбранети пенали на извонредниот чувар на мрежата Каспер Шмајхел. Тој ја спаси својата селекција од пораз во продолженијата, кога му одбрани пенал на Лука Модриќ, а потоа и во пенал – рулетот скроти уште два удари на противничките фудбалери. Но, и тоа не беше доволно за Данска да мине во четвртфиналето.

„Ќе ни треба време за да се опоравиме од овој шок. Сега, се е ср*ње. Навистина не знам што да кажам. При пеналите, одев на проценка, нешто од стомакот ми велеше каде ќе шутираат фудбалерите. Но, не беше доволно. Можеби делува смешно, но навистина не ми е до смеење. Направивме толку многу во ова осминафинале, и на крајот останавме со празни раце. Мислам дека комплетно заслуживме да славиме и во регуларниот тек од натпреварот“, изјави Каспер Шмајхел по елиминацијата.

Се вчитува...