Шок: Агуеро мора да се пензионира!

Серхио Агуеро е принуден да се пензионира откако е утврдено дека срцевите проблеми со кои се соочува се крајно сериозни. За ова се шпекулираше уште пред десетина дена, за денеска да пристигне информација дека и новите консултации со врвни кардиолози потврдиле дека состојбата е сериозна.

Аргентинецот се пожали на болки во градите за време на еден од домашните натпревари на Барселона, веднаш беше повлечен од игра, а првите лекарски препораки беа дека тој ќе мора да паузира најмалку три месеци пред да се врати во тренажен процес. Во меѓувреме врз Агуеро беа извршени детални прегледи, а резултатите покажаа дека ризикот тој да се врати на терен е преголем.

Според каталонските медиуми, одлуката е веќе донесена, а ќе биде официјализирана на прес-конференцијата што Агуеро ќе ја одржи во Барселона во текот на наредната седмица.

Се вчитува...