Шок: Алкараз објави повлекување!

Шокантни вести доаѓаат од Барселона, каде што Карлос Алкараз се откажа од натамошнит настапи на турнирот.

Алкараз дојде во Барселона веднаш по поразот во финалето на Монте Карло од Јаник Синер, но не покажа знаци на слабост.

Во првиот натпревар, тој го победи Ото Виртанен со 2-0 во сетови, но се пожали на проблеми со зглобот. По натпреварот, тој изјави дека ќе изврши прегледи.

Ситуацијата се покажа потешка од очекуваното, или само Карлитос и неговиот тим не сакаат да ризикуваат ништо пред Мастерсот во Мадрид и Рим, односно Ролан Гарос.

Како и да е, денот пред натпреварот со Томаш Махач во осминафиналето, Алкараз објави дека се повлекува од Барселона, каде што ја бранеше титулата.

Младиот Шпанец имаше можност да го врати тронот во Барса и повторно да биде тенисер број еден во светот, но тоа сигурно нема да биде случај сега. Синер ќе ја зголеми предноста следната недела, на +390 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reketiranje (@reket.iranje)

Се вчитува...