Шок и неверување во Милано: Поради повреда Ибрахимовиќ ја завршува кариерата!?

Милан како полека да го губи здивот во битката за титулата. На последните два меча освои само два бода, иако сеуште е лидер, Интер веќе опасно му се приближи. Шампионот има бод помалку од Милан, но и натпревар помалку.

Сепак во Милан и поради нешто друго владее паника, а посебно меѓу фановите на овој фудбалски гигант. Имено вестите околу Златан Ибрахимовиќ не се добри.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Швеѓанецот би можел и пред да заврши оваа сезона да стави крај на својата кариера, дека минатонеделниот меч со Болоња најверојатно бил последен за Златан. И не само поради повредата на главата, со која се здоби токму на тој меч, туку и поради повредата на коленото. Повреда која веќе извесно време го мачи најдобриот фудбалер на Милан.

Се вчитува...