Шок и во Англија: Менаџерот на Арсенал, Микел Артета позитивен на коронавирус!

Шокирачка вест вечерва и од англискиот фудбал. И менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на коронавирус, откриено по денешните тестирања.

Информацијата ја потврдија и од таборот на Арсенал, истакнувајќи дека Артета се чувствува добро во моментов.

„Нашите мисли се со Микел кој е разочаран, но во добро расположение. Константно разговараме со стручњаците како би ја надминале оваа ситуација. Јасно е дека нема да играме одредени натпревари, но сега е најважно да ги провериме сите лица кои беа во контакт со Микел“ – соопштија од Арсенал.

 

 

Се вчитува...