Шок: „Кро Коп“ имал мозочен удар, никогаш повеќе во ринг!

Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ ја шокираше спортската јавност обелоденувајќи дека никогаш повеќе нема да влезе во рингот – бидејќи неодамна преживеал мозочен удар. Додека светските медиуми шпекулираа со неговите следни противници, Филиповиќ успеал да се спаси во најважната борба, но јасно му е ставео до знаење дека тоа значи и крај на кариерата.

„Можам сега да се расплачам, но тоа е тоа… Мир, Конго, Фјодор? Ништо од тоа, никогаш нема да се случи. Имав проблеми со вратот, бев на магнет, на доплер… се беше ОК. И тогаш колабирав, паднав во несвест, ми соопштија дека сум имал мозочен удар и едвај сум преживеал. Нема врска со борба, вратот ми е преоптоварен од 30 години тренирање. Тоа беше едно брзо движење, сега буквално следи борба за живот. Не смеам да примам ниту најмал удар во вратот, бидејќи може да предизвика ново крварење, не можам дури ни да возам велосипед, ниту да правам склекови. Нов мозочен удар може да биде смртоносен“ – изјави Филиповиќ за ТВ Нова, објавувајќи го крајот на својата кариера.

Се вчитува...