ШОК: Лазаров се повреди по 11 минути игра со Шпанија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонската ракометна репрезентација се соочува со огромен проблем на самиот почеток од дуелот со Шпанија. ПРотивникот поведе со 1-6, но уште поголема главоболка за селекторот Гонзалес и за сите македонски фанови е повредата на Кире Лазаров, поради која тој го напушти теренот во 11. минута.

По една добро изработена акција Георгиевски изнуди пенал, но наместо да ја земе топката Лазаров покажа дека е повреден и го напушти теренот. На негово место во игра влезе Мартин Велковски, кој не одигра ниту една минута во рамките од првата фаза во Загреб.

Останува само надежта дека повредата на капитенот не е сериозна, па доколку не се врати во игра вечерва, дека тој би можел да помогне барем на наредните дуели со Чешка и со Данска.

Се вчитува...