Шок на СП во атлетика: Светската шампионка без финале во скок во далечина

Вистински шок се случи во полуфиналето во скок во далечина во женска конкуренција на Светското првенство во атлетика во Доха.

Американката Бритни Рис, која освои злато во Лондон пред две години, не успеа да се пласира во финалето заземајќи го дури 13. место во квалификациите со скок од 6,52 метри. За финалето и беше потребен само еден сантиметар повеќе.

Само три атлетичарки успеаја да ја прескокнат нормата од 6,75 метри. Германката Михамбо скокна 6,98 метри, а над границата беа и Бруме (6,89) и Тори Бови (6,77).

Финалето во скок во далечина на програмата е во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...