Британскиот весник „Тајмс“ денеска објави шокантна информација – тврдејќи дека сезонава ќе биде последна за Пеп Гвардиола како менаџер на Манчестер Сити. Каталонскиот стратег лани потпиша нов договор со важност до јуни 2027 година, но Гвардиола се повеќе се сомнева дека ќе успее да издржи уште сезона и половина на чело на овој англиски гигант.
Причина е психолошката исцрпеност, слична на онаа поради која Јирген Клоп се повлече од кормилото на Ливерпул. Гвардиола веќе десет години е на чело на „граѓаните“, освои шест титули во Премиер-лигата и еден трофеј во ЛШ, па тешко наоѓа нов предизвик.
Според изворите на „Тајмс“, Гвардиола размислува да се реши на чекор како Клоп, одлуката да ја обелодени месеци пред крајот на сезоната, за клубот да има доволно време за изборот на негов наследник.
„Иако договорото му важи до 2027 година, Гвардиола сериозно ја разгледува опцијата за заминување пред истекот на тој договор. Конечната одлука не е донесена, но индициите сугерираат дека до разделба ќе дојде пред 2027 година. Тој и во текот на ланската сезона говореше за стресот и за исцрпеноста, сега тие чувства се уште посилни кај него… Сити од лани почна со сериозна реорганизација, па логично е Пеп да го отстапи своето место. Сите во клубот сакаат да го задржат, но исто така и се свесни за чувствата на трофејниот стратег кој се почесто говори како размислува да земе одмор од фудбалот“, се вели во информацијата објавена на „Тајмс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

