Шок од Франција: Крај на фудбалската сезона!

Натпреварувачката сезона 2019/20 неочекувано заврши во Франција денеска, откако властите во оваа земја објавија забрана за организирање на спортски настани до месец август.

Владата на Франција обелодени дека нема никаква шанса да почнат да се играат натпревари до август, дури и без присуство на публика, по што Француската Фудбалска Федерација објави дека лигата дефинитивно се откажува. УЕФА инсистираше на финиширање на сезоните по европските лиги најдоцна до крајот на месец јули, па беше јасно дека не може да биде најден начин за продолжение на францускиот шампионат, по што следеше и одлуката за откажување.

Во следните денови ќе бидат одржани состаноци, по кои ќе биде одлучено дали титулата ќе му биде доделена на ПСЖ, кои екипи ќе одат во европските купови, но и дали ќе има или ќе нема испаѓање од елитното друштво.

Се вчитува...