Шок – Почина 33 годишен НФЛ играч, причината за смртта се уште непозната

Поранешниот вајд-рисивер на Денвер Бронкос, Демариус Томас пронајден е мртов во својот дом во Џорџија, а надлежните објавија дека причина за смртта е од медицинска природа, но се уште не е објавено што точно се случило.

Томас покрај за Денвер, настапуваше и за Хјустон, Њујорк Џетс и Њу Ингланд, официјално се пензионираше во јуни годинава. Тој беше избран во првата рунда на драфтот во 2010 година, а со Бронкос го освои Супербоул „50“, а пет години по ред беше дел и од „Про-бол“.

 

Се вчитува...