Шок во Англија: Почина фудбалерот Витингам

Англискиот фудбалер Питер Витингам почина денеска во својата 35-та година од животот. Фудбалерот за врска на Кардиф, Астон Вила и Блекбурн пред неколку денови имаше несреќа во бар, добивајќи повреди а главата по тежок пад. Иако лекарите изминативе денови се бореа за неговиот живот, за жал, не успеаја да го спасат.

Витингам кариерата ја почна во Астон Вила, но вистинската слава ја доживеа во Кардиф каде настапуваше од 2007 до 2017 година. За велшкиот тим одигра повеќе од 400 нароревари, а во 2009 година беше и најдобриот стрелец во Чемпионшип-лигата.

Се вчитува...