Шок во Белград: Арнаутовиќ само што дојде веќе ја напушта Црвена Звезда

Австрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ, е во центарот на вниманието на јавноста во Србија откако се појави информација дека би можел да ја напушти Црвена Звезда по само шест месеци.

Арнаутовиќ ја изненади фудбалската јавност со одлуката да ја продолжи кариерата во Србија откако му истече договорот со Интер. Тој не можеше да ја одбие понудата што ја доби од Маракана и се согласи да потпише за Црвена Звезда, а во Белград навивачите на актуелниот шампион на Србија го пречекаа на фантастичен начин.

Сепак, се чини дека очекуваа повеќе од Арнаутовиќ на почетокот на оваа сезона бидејќи австрискиот репрезентативец сè уште не се докажа како засилување според очекувањата. Арнаутовиќ постигна само два гола на девет натпревари досега оваа сезона во дресот на Звезда, а почесто влегуваше од клупата отколку како стартер.

Но, и покрај тоа, малкумина очекуваа дека искусниот напаѓач би можел да ја напушти Звезда по само неколку месеци, но се чини дека ова сценарио воопшто не е невозможно.

Последните информации се дека Арнаутовиќ ќе ја напушти Звезда во јануари откако добил интересна понуда. Станува збор за понуда од Белгија од челниците на Серкл Бриж, кои многу би сакале да го видат Арнаутовиќ во дресот на нивниот клуб, а наводно веќе го контактирале искусниот напаѓач и му понудиле опција да дојде во Белгија. Олеснителна околност за нив е што Арнаутовиќ, има клаузула за напуштање на Црвена Звезда, доколку добие сериозна понуда.

Тренер на Серкл Бриж е помошникот на Ралф Рангник во репрезентацијата, Онур Цинел, кој призна дека веќе му кажал на Арнаутовиќ да се пресели во Белгија од јануари. Арнаутовиќ не е единствениот Австриец кого Цинел го убедува да дојде во Белгија, бидејќи тоа му го спомнал и на Давид Алаба.

Се вчитува...