Шок во „Блауграна“ – Гранољерс ја прекина победничката серија на Барса

Барселона веќе ја прослави шампионската титула во АСОБАЛ лигата, но мора да ги одработи рутински и преостанатите натпревари во шпанското првенство. Во натпреварот од 26.коло, каталонскиот тим доживеа непријатно изненадување и пораз на домашен терен од Гранољерс со 28-29. Гостите со гол во последните секунди дојдоа до сензационален триумф и ја прекинаа петгодишната победничка серија на Барселона и 146 натпревари без пораз во АСОБАЛ!

Борко Ристовски беше на голот на Барса во првото полувреме и запиша шест одбрани, а под стандардното ниво беше и Гонзало Перез де Варгас со само пет одбрани.

Се вчитува...