Шок во Јунајтед: Крај на годината за Погба?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, најверојатно нема да се врати на терените до крајот на годината, бидејќи за повредата на бутот, добиена на вчерашниот тренинг со француската репрезентација, потребна е пауза од околу два месеци.

Првотимецот на Јунајтед почувствува болка по ударот на тренингот во понеделникот вечерта и веднаш го напушти теренот, а Француската фудбалска федерација потврди дека му е констатирана повреда на бутниот мускул. Веднаш беше јасно дека нема да биде на располагање за дуелите против Казахстан и Финска, а по првичната дијагноза е констатирана пауза од осум до 10 недели.

Погба не беше во тимот на дербито против Тотенхем и Манчестер Сити, а последниот меч го одигра во дебаклот против Ливерпул кога заработи исклучување. Претходно вообичаено беше стандарден, а доколку се остварат прогнозите за паузата, ќе пропушти дури 12 натпревари на Јунајтед, вклучувајќи ги и дербијата против Челси и Арсенал за помалку од еден месец. Враќање на терените треба да се очекува против Астон Вила на 15 јануари.

Се вчитува...