Шок во Торонто: Германија напаѓаше и имаше шанси, а БСК води (ВИДЕО)

По првите 45 минути Германија не ја оправдува улогата на фаворит на натпреварот со Брегот на Слоновата коска. Африканската селекција има предност, и покрај тоа што Германија имаше три супер шанси, и два поништени гола.

Иницијативата беше на страната на Германците, но попусто. Една  грешка во нивната одбрана ги чинеше негатива по првите 45. минути од средбата.

Хаверц во 10 минута упати удар со глава кој го одбрани Фофана, а потоа во 18. минута од средбата Мусиала шутираше за малку крај голот. Потоа и поништен гол на Павловиќ по прекршокот над голманот Фофана.

Франк Кеси казни во 30. минута. Диоманде упати опасна топка на петерецот, Улаи шутираше во блокот, а потоа Кеси ја смести топката во голот на Нојер.

Продолжија Германците да напаѓаат, постигна гол Хаверц кој беше поништен поради прекршок, а и избраниците на Нагелсман тешко доаѓаа до прилика во последните мигови од првото полувреме, со што остана предноста за „слоновите“.

Се вчитува...