Шок во Валенсија – отказ за тренерот Марселињо

Изненадувачки вести доаѓаат од Валенсија, откако управата на овој клуб донела одлука да му врачи отказ на тренерот Марселињо. Главниот акционер на клубот, Питер Лим, бил незадоволен од работата на овој стратег иако Марселињо успеа да го внесе тимот во ЛШ, a сезонава ја почна со просечни резултати (една победа, едно реми и еден пораз во првите три кола).

Марселињо ги водеше тренинзите за време на репрезентативната пауза, но денеска и тој самиот беше шокиран со одлуката на Лим, што му била соопштена од претседателот на клубот, Анил Мурти.

Според овие информации, Лим веќе го договорил и новиот тренер на клубот, поранешниот селектор на У21 репрезентацијата на Шпанија, Алберт Селадес. Неговата промоција се очекува во текот на утрешниот ден, по што Селадес ќе го има најтешкото можно деби во „Ла Лига“, гостувањето на „Камп ноу“ против екипата на Барселона.

Се вчитува...