Шок за Челси во 92. минута – испуштена победа против Саутемптон (ВИДЕО)

Челси пропушти огромна шанса за трета победа во новата сезона во Премиерлигата ремизирајќи (3-3) во 5. коло од шампионатот против Саутемптон. „Сините“ триумфот го испуштија во 92. минута од натпреварот кога Вестергард погоди за конечни 3-3.

Претходно Челси со погодокот на Хаверц во 59. минута имаше 3-2 по кој се чинеше дека ќе дојде до трите бода…

Во првото полувреме домашните со двата погодоци на Тимо Вернер во 15. и во 28. минута поведоа со 2-0, но гостите дојдоа до израмнување со головите на Ингс во 43. минута и Адамс во 57. минута.

Се вчитува...