Шок за „кралевите“: Трајковски и Мајорка за прв пораз на Реал сезонава (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и неговата Мајорка му го нанесоа првиот пораз на Реал Мадрид сезонава во 9. коло од Ла Лига.

Мајорка стигна до заслужен триумф од 1-0 благодарение на голот на Лаго Жуниор уште во 7. минута од натпреварот.

Трајковски во игра на мечот влезе во 81. минута токму на местото на стрелецот на погодокот, потоа активно учествувајќи во нападот на Мајорка и со неколку акции како начин за зачувување на предноста и победата.

Се вчитува...