Шок за Ливерпул: Мане одлучил да си оди, веќе знае кој ќе биде негов следен клуб

Англиските медиуми вчера објавија дека нема да го продолжи договорот со Ливерпул и дека следното лето најверојатно ќе го напушти Енфилд. Сенегалецот веќе неколку години е еден од главните играчи на Ливерпул и јасно е дека челниците на клубот прават се да го задржат, а веќе почнаа и преговори за нов договор.

Од таборот на „црвените“ очекуваа дека ќе нема проблеми околу новата соработка, но крилниот фудбалер одлучил да замине. 30-годишниот играч наводно му соопштил на клубот дека му треба нов предизвик.

Мане почнаа да го поврзуваат со Баерн Минхен, кој сака да го купи веќе ова лето како замена за Гнабри, но сега најново е дека Мане ќе го напушти тимот како слободен играч во 2023 година. „Мундо Депортиво“ пишува дека Мане наводно сакал да игра во Барселона, дрес кој му е желба уште од детство.

Сепак, ќе се прашува и Ливерпул, со оглед дека ќе немаат намера да се откажат од услугите на Сенегалецот, кој е еден од најдобрите играчи на клубот.

Се вчитува...