Данскиот фудбалер од средниот ред Кристијан Ериксен, нема да игра три месеци откако беше повреден од Енди Керол на натпревар против Ридинг во ФА Купот. Напаѓачот на Ридинг во 53. минута остро му „влезе“ на Данецот, и притоа го повреди, а интересно е судијата Ингланд не му даде ниту жолт картон.
Почетните проценки кажуваат дека Ериксен ќе се врати дури во финишот на сезоната, односно крајот на април, почетокот на мај, што е големо разочарување за тренерот Ерик Тен Хаг, со оглед дека тој беше еден од главните носители на играта на тимот од Олд Трафорд.
„Кристијан Ериксен долго време ќе отсуствува од терените поради повреда на зглобот добиен на натпреварот со Ридинг. Нашиот играч излезе од игра во втроото полувреме откако беше срушен од Керол, а потоа исклучен поради жолти картони за два прекршоци“, објави Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА